Loading...
← Назад кон ласери
laser

Alma Hybrid

Револуционерна хибридна технологија која комбинира CO2 и 1570nm бранови должини.

Alma Hybrid

Тој е првиот и единствен медицински ласер кој комбинира 3 различни напредни технологии во една премиум платформа.ALMA Hybrid има два различни ласерски извори CO2 10600nm и 1570nm, како и генератор на ултразвучни бранови наречен Impact, што ја прави оваа комбинација на технологии уникатна и високо ефикасна, со постигнати резултати кои се без паралела со постоечките уреди на пазарот, а сепак со значително скратено време за опоравување.

Она што ја прави посебна оваа комбинација на бранови должини е таканаречената технологија „HyGrid“ која овозможува избор на рамнотежа и однос помеѓу аблативните и не аблативните ефекти.На овој начин, ласерот нуди бесконечен број на опции и можност за одредување и контрола на секој аспект од третманот, така што секој третман со Alma Hybrid би бил персонализиран со што би се постигнале конкретни персонализирани резултати кај самиот пациент.

Интервенциите се приспособуваат на потребите на секој поединечен пациент, ефективноста на лекувањето се подигнува на највисоко ниво, а времето за опоравување се намалува.

Подеднакво важна е иновативната TED (transepidermal drugs delivery) ултразвучна технологија „IMPACT“ дизајнирана да испорачува сепцифични лекови, дермокозметика и козметички производи.Со цел дополнително да се осигура безбедноста и удобноста на пациентите, напредниот апликатор на ласерот на врвот обезбедува ефект на ладење и со тоа го прави третманот побрз и покомфорен.Пациентите кои имаат проблеми со лузни (трауматски, хируршки, келоидни, лузни од акни, лузни од изгореници, стрии), имаат можност да го добијат посакуваниот третман на лузни кој е најдобар во класата благодарение на горе споменатите технологии.

Индикации:

  1. Подмладување на лице,врат и деколте

  2. Лузни (трауматски, хируршки, келоидни, лузни од акни, лузни од изгореници)

  3. Стрии

  4. Проширени пори

  5. Регенерација на околуочната регија

  6. Отстранување на бенигни лезии

Не помалку значајна индикација е примената на Alma Hybrid во третманите за подмладување кои се брзи, безбедни и безболни со остварување на одлични резултати.

За сите горенаведени медицински индикации, Alma Hybrid е нов без конкуренција, иновативен концепт за третман и подмладување на кожата кој претставува совршен баланс на максимална ефикасност и минимално време за закрепнување.

Контактирајте нè

Заинтересирани сте за овој третман? Контактирајте нè за консултација.

Контактирајте нè