Alma Derma Clear
Моментални резултати за подмладување на кожата без несакани ефекти

Што е DermaClear?
Златен стандард во чистење и хидратација на кожата.Пилинг,чистење и длабока хидратација на лицето,сето тоа ке ви овозможува само еден третман наречен Alma DermaClear. Ново лице на освежена кожа! Или, најдобрата кожа во вашиот живот! Под овие слогани,ширум светот беше претставен уникатниот Alma DermaClear 3 во 1 од Alma ласери.Токму овој третман Alma DermaClear ни помага да го убединиме сето она што е важно за здрава ,младешка и негувана кожа. Без иритација,болка и закрепнување,кожата на лицето се храни и обновува за само еден час.
DermaClear може да биде дел од вашата редовна рутина,замена за хигиенски третман за лице, но и кога сакате да блеснете во посебни прилики.
Што содржи третманот DermaClear?
Параметрите се индивидуално прилагодени според типот и состојбата на кожата, така што третманот може да се прави и на најчувствителната кожа.
Иновативниот третман Derma Clear се состои од три чекори:
Физичка и хемиска ексфолијација (ПИЛИНГ) при што се користи раствор богат со АХА овошни киселини и антиоксиданси кои делуваат на кожата разградувајkи ги наслагите од мртвите клетки на нејзината површина, а во исто време вакумската сонда со посебен ротирачки врв ги отстранува непотребните честички од површината.
Чистењето се одвива со специјално формулиран раствор со БХА киселини и антиоксиданси кој длабински ги чисти порите,остатоците од шминка и делува на лојните жлезди со цел да го регулира нивното лачење.
Третиот чекор претставува ХИДРАЦИЈА и интензивна исхрана на чистата кожа со пептиди и витамини.
DermaClear е пријатен и безболен третман, без период на опоравување, болка и иритација, по кој кожата е чиста и сјајна.
Најчесто поставувани прашања
Зошто е корисен третманот DermaClear?
Истражувањата покажаа дека токсините, честичките од загадувањето и хемиските супстанции во урбаните средини за живеење можат да ја оштетат кожата, додека тешката дневна шминка ги затнува порите и придонесува за стареење на кожата. Затоа DermaClear е идеалниот режим за детоксикација на кожата која е изложена на честички од шминка, чад и загадување на воздухот.
За кого е наменет третманот Derma Clear?
Наменет е за сите типови на кожа, дури и за чувствителна кожа, млада и зрела кожа. За млада кожа може да биде доволен како самостоен третман за нега , додека за зрела кожа може да биде добар вовед во други третмани против стареење (мезотерапија, биоревитализација, ласери).
Колку долго трае третманот со DermaClear и дали е болен?
Третманот Derma Clear е безболен и пријатен, трае околу еден час. По третманот нема период на опоравување и можете слободно да се вратите на секојдневните активности.
Кои се предностите на DermaClear хидромикродермоабразијата во споредба со обичната микродермоабразија?
Микродермоабразијата е механичка ексфолијација на кожата, односно нежно и контролирано отстранување на површинскиот слој на мртвите клетки на кожата. Третманот DermaClear е третман 3 во 1 кој врши напредна микродермоабразија (HYDRO MICRODERMOABRASION), што значи дека механичкиот пилинг се врши со нежна силиконска сонда низ која постојано тече специјална течност богата со овошни киселини, која ја натопува кожата и го олеснува пилингот.
Контактирајте нè
Заинтересирани сте за овој третман? Контактирајте нè за консултација.
Контактирајте нè